Поради клевета, нанесена лична навреда, нарушување на достоинството и угледот, в.д директорот на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески, вчера поднел тужба против уредник на еден локален портал.
„Во врска со информациите и клеветите кои предходните денови биле објавени на интернет страницата , во кои биле изнесени клевети за в.д. директорот на ОСУ Св.Климент Охридски – Охрид, меѓу другото дека Тренески Никола во минатото бил сторител на кривично дело и дека за да го избегне издржувањето на затворска казна неколку години заминал и живеел во Австралија, а по враќањето се вработил како професор во охридската гимназија, денес од страна на в.д. директорот Тренески до Основниот суд Охрид поднесена е тужба за утврдување на граѓанска одговорност на страна на главниот и одговорен уредник на порталот и правното лице сопственик – се вели во соопштението испратено од в.д директорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески.
Како што пишува во соопштениeтo, со тужбата било приложено и уверение од СВР – Охрид како доказ за неговата неосудуваност.
OhridNews