Најголемата  приватна телевизиска станица во Албанија „ТВ Клан“ блиска на владеачката Демократска партија, најави отварање  телевизиска станица и во Македонија .

Претседателот на Управниот борд на ТВ „Клан“, Александар Франгај, во една телевизиска емисија на „ТВ Клан“, изјави дека се преземаат активности за да стартува и „ТВ Клан – Македонија“.

„По стартот на „ТВ Клан Косово“ сега е редот да профункционира и „ТВ Клан – Македонија“, нагласи Франгај. „Наш објектив е во текот на оваа година „ТВ Клан“ да се прошири и во Македонија додаде Франагај, но претходно треба да завршат одредени процедури.

„Сите анкети покажуваат дека „ТВ Клан“ е една од најгледаните ТВ станици во Албанија и регионот“, изјави Франгај.

Пред една година „ТВ Клан“, почна да емитува програма во Косово  со „ТВ Клан – Косово“

OhridNews
Извор:Макфакс