Од полноќ во Македонија се гасне аналогниот сигнал и започнува ерата на дигиталната телевизија. Согласно измените во законот, во иднина покрај национални и локални, ќе има и национални радиодифузери.

Според податоците објавени на официјалната веб страна на Советот за радиодифузија, во Охрид од трите телевизии само НТВ ќе зрачи регионално од предавателот Мали Влај, додека Тв М и Морис ќе емитуваат дигитална програма на подрачјето на општините Охрид и Дебрца.


На платформата на телекомуникацискиот оператор ОНЕ поврзани се сите национални и дел од регионалните телевизии.

Граѓаните кои телевизиските програми ги следат преку кабелските оператори нема да е соочат со проблем, додека граѓаните кои гледаа тв преку аналогни антени ќе треба да набават посебен уред без кој нема да можат следат дигитална телевизија.

OhridNews