Телевизија „Нова“ на бизнисменот Сеад Кочан и официјално оди во стечај. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска од Скопје. Доверителите треба во рок од 15 дена да ги пријават побарувањата до стечајниот управник. Првото рочиште за испитување на побарувањата и извештаите од собранието на доверители ќе се одржи по судската ферија, на 28 септември.
43 вработени и поранешни вработени во Телевизија „Нова“ покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму.