Од сезоната 2016/17 редовното коло во Премиер лигата ќе започнува од петок (20:45 часот), а не од сабота (13:45ч) или (16:00ч) како што почнува сега.


Овие промени доаѓаат од челниците на Премиер лигата кои го пуштија новиот тендер за откупување на правата за натпреварите од 2016 до 2019 година.

Англиската телевизија Скај и БТ во 2013 година платија повеќе од три милијарди евра за откупување на ТВ преносите од вкупно 154 мечеви по сезона.

Со одигрување на еден меч во петок програмата би се збогатила за минимум 20 натпревари бидејќи во Премиер лигата се игра и на сред недела, а тогаш не е возможно да се игра и во петок.

Поради големиот интерес пред одредено време челниците на Премиер лигата го додадоа и понеделник како стандарден термин за одигрување на последниот меч од редовното коло.

Мх.П.