Твитер трајно ќе ги отстранува корисниците кои имитираат автентични профили на платформата, открива новиот сопственик Илон Маск.

„Во иднина, секој Твитер-профил кој ќе се занимава со имитирање на некого, без јасно да се наведе ‘пародија’ ќе биде трајно суспендиран. Претходно издававме предупредување пред отстранувањето, но сега кога воведуваме широка верификација, и нема да има предупредување“, твитна Маск.

Илон Маск исто така рече дека каква било промена на името ќе предизвика привремено губење на ознаката „проверено“. Овој потег уследи откако платформата, наводно, ги отстранила корисниците кои ги сменија своите кориснички имиња во Илон Маск, вклучувајќи ги и оние на американската комичарка Кети Грифин и на глумецот Рич Сомер.

По случајот со Грифин, Маск на Твитер напиша дека таа е банирана „зашто се претставувала како комичар“.

Тој сега може да ѝ го врати профилот, „ако таа навистина го сака тоа – за осум долари“, напиша новиот сопственик на Твитер.

Маск го приврши своето преземање на платформата од 44 милијарди долари минатата недела, веднаш намалувајќи го бројот вработени и воведувајќи месечна претплата за потврдување веродостојност на профилите на корисниците.

OhridNews