Поранешниот фудбалер на Сандерленд, Џермејн Дефо на емотивен начин со писмо се збогува од Бредли Ловери кој почина на шестгодишна возраст. Најголемиот навивач на „црните мачки“ ја изгуби борбата со ракот, кој му беше дијагностициран од само раѓање.
Малиот Бредли во името на Дефо најде среќа и секогаш на домашните натпревари тој излегуваше со него на теренот. Дефо со крајно емотивна порака се прости од Бредли.
– Збогум пријателу мој, многу ќе ми недостигаш. Сакам да му се заблагодарам на Господ што те донесе во мојот живот и што поминавме добри и незаборавни моменти заедно. Никогаш нема да ти го заборавам погледот полн со среќа и љубов кога прв пат се сретнавме. Тешко ми е да најдам зборови да кажам колку ми значеше и на кој начин го изговараше моето име. Твојата храброст ќе ме инспирира до крајот на животот и многу ми е жал што никогаш нема да дознаше како ти мене ме промени и ми покажа некои работи во животот. Убави спиј мој пријателе, секогаш ќе те носам во моето срце. – стои во статусот на Дефо.
Чест на Бредли му оддадоа сите премиерлигашки екипи, а има петиција натпреварите од првото коло да почнат со минута молк.
OhridNews