Стручната оставина на познатиот охридски архитект Борис Чипан, постхумно ќе биде донирана во Музејот на град Скопје.

Сите овие дела ќе бидат составен дел од одделението за современа архитектура, урбанизам и дизајн при Музејот во главниот град.
Инаку, деновиве се навршува една година од смртта на познатиот охриѓанец Борис Чипан, кој е еден од најголемите македонски архитекти и поранешен редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговата библиографија се состои од седум дела, издадени во периодот меѓу 1955 и 2008 година.
OhridNews












