
Според министерството за внатрешни работи на Белизе, Џон Мекафи го застрелал американскиот градежник Грегори Ваинт Фол во средината на ноември, а причината за инцидентот била расправија за кучиња. Претходно, американската телевизиска мрежа Fox News објави дека Мекафи е осомничен за вмешаност во нелегалната трговија со дрога во Централна Америка. Во последните неколку седмици тој се криел од властите.
„Добивме сѐ уште непотврдени (официјално) информации дека Џон Мекафи е уапсен на границата меѓу Белизе и Мексико“, се наведува во текстот објавен на блогот.
И претходно творецот на антивирусот McAfee имаше проблеми со законот. Според медиуми, во мај 2012, полицијата на Белизе го претресувала неговиот дом и го привела Мекафи. Подоцна тој беше обвинет за нелегално поседување оружје и производство на наркотици, но потоа овие обвиненија беа повлечени.
Компанијата „McAfee“ развива антивирусен софтвер, а нејзиното седиште е во Санта Клара, во американската сојузна држава Калифорнија. Во февруари 2011 година, компанијата „Intel“ ја стекна сопственоста врз неа за сума од 7,68 милијарди американски долари.
извор:„Макфакс“












