Без голови и без победник заврши последниот меч од 21-та рунда во Премиер лигата меѓу Евертон и Вест Бромвич Албион.


Главен виновник што мируваа мрежите на „Гудисон Парк“, а особено онаа на ВБА е Кевин Миралас.

Белгискиот репрезентативец на своја рака го презеде ударот од белата точка, која е задача на Лејтон Бејнс и го промаши.


Неговата тврдоглавост во финишот од првиот дел ги чинеше „карамелите“ победа и три бодови.

Мх.П.