Пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок е забележан во осумте поголеми синџири на маркети вчера, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

Податоците од системот за регистрирање на готовински промет односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажува дека вчера до полноќ е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30 јануари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, додека минатиот петок, 24 јануари до полноќ е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари, посочуваат од УЈП.
Најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.
Инаку, вчера по примерот на Хрватска и земјите од регионот граѓаните ги бојкотираа поголемите маркети како израз на незадоволство од високите цени.
OhridNews











