Македонските фудбалски надежи обезбедија пласман во финалето на атрактивниот  развоен турнир на УЕФА (UEFA DEVELOPMENT TOURNAMENT) што  се одржува во Тренинг центарот на ФС на Србија  (Стара Пазова).

Во полуфиналето  Македонија ја совлада Бугарија по изведувањето на пенали со 4-3 откако во регуларниот дел средбата заврши без победник 1-1 (1-0).

Нашата репрезентација  поведе со голот на  Теодор Фидановски во 10-тата минута но противникот во 75-тата  успеа да го израмни резултато.

Во финалето в петок (15.30ч)  Македонија ќе игра против домаќинот Србија кој во второто полуфинале ја совлада Албанија со 2-0.

Ohridnews