Денеска во Нион беа извлечени квалификациските групи за ЕП 2013 г што ќе се одржи во Словачка за фудбалери до 17г.

 Македонија ја доби организацијата за 10-тата квалификациска група во која ќе игра со селекциите на Р. Ирска, Романија и Шведска. Натпреварите ќе се играат од 29.Септември до 4.Октомври наредната година.

Според пропозициите по две првопласирани селекции од 13-те формирани групи заедо со уште две најдобро третопласирани (според резултатите со првите две во групата) ќе патуваат во елитната рунда каде 28 селекции ќе бидат поделени во 7 групи. Победниците во елитните групи заедно со домаќинот Словачка ќе играат на ЕП 2013г .

Репрезентацијата до 19г. ќе игра на квалификациски турнир во Луксембург заедно со Германија, Р.Ирска и домаќинот Луксембург. Турнирот е на програмата од 11-16 Октомври наредната година.

ЕП за фудбалери до 19г ќе се одржи во Литванија.

Ohridnews