Управата за јавни приходи известува дека апликацијата МојДДВ,е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ. Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-пошта и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од било каква злоупотреба.

Имено, апликацијата МојДДВ граѓаните ја преземаат од Google play store, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google којашто има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот.
При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата.

При употреба на апликацијата е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.
Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа.

Оттука Управата за јавни приходи ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на веб страницата на Управата за јавни приход