Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 17 години со биланс едно реми и два порази како последно пласирана ги заврши натпреварите од квалификацискиот турнир кој се играше во Македонија.

И покрај нескриениот оптимизам на селекторот Висар Ганиу, единствениот позитивен резултат беше ремито во првиот меч против репрезентација на Романија. Потоа следуваа два порази од Ирска 4-1 и Шведска 4-0.

Репрезентациите на Ирска и Шведска одат понатаму во елтината рунда.

Ohridnews