Репрезентација на Македонија под 17 години ремизираше 1-1 со соодветната репрезентација на Турција на претквалификацискиот турнир кој се игра во Струмица.


Турците дојдоа во предност во 9 минута преку Чичек, додека конечниот резултат постигнат преку авто голот на Ајдин.

Во останатиот натпревар од нашата група Шкотска со 3-0 го совлада Сан Марино.

Во втората рунда Македонија игра против Шкотска додека Сан Марино ќе му се спротистави на Турција

Првопласираните
две селекции од сите 13 квалификациски групи заедно со две
најдобропласирани трети селекции ќе играат во елитната квалификациска
рунда.

Ohridnews