Репрезентацијата на Данска триумфираше на мини-турнирот за фудбалерки до 17 години кој изминатата недела се играше во Македонија.

Данска како првопласирана обезбеди пласман во наредната рунда, втора заврши селекцијата на Србија, но тие не успеаа да влезат меѓу најдобрите четири второпласирани селекции во групите по што и за нив тука завршија квалификациите.

– Покажавме најмногу и заслужено го освоивме турнирот. Постигнавме 12 а не примивмите ниту еден гол, сигурно дека тоа ме прави задоволен – рече селекторот на Данската репрезентација Андрес Дамград.

Домаќинот Македонија, натпреварите ги заврши со три порази и гол разлика 15-0. Поразите се нижеа 4-0 од Данска, 4-0 од Србија и 7-0 од Шкотска.

Пред избраничките на селекторот Тоше Начев е макотрпна работа за да се избегне фенерот на ваквите квалификациски турнири.

ohridnews