Селекцијата на Македонија до 17г во последниот дуел убедливо со 5-0 ја совлада селекцијата на Сан Марино и со 4 бода го освои 3-тото место во 3. квалификациска група за ЕП откако во дербито  Турција и Шкотска одиграа 1-1.


Избраниците на селекторот Петрески одлично го отворија натпреварот и со головите на Дарко Велкоски (12м) и двократниот стрелец Аврамоски (16 и 26м) набрзина обезбедија водство од 3-0 кое до крајот на првиот дел Демир Имери го зголеми на 4-0. Истиот играч во 51м  го постави конечниот резултат 5-0 за нашиот тим.

Табела: Шкотска 7, Турција 5, Македонија 4, Сан Марино 0

Според пропозициите во следната елитна квалификациска рунда патуваат Шкотска и Турција, додека Македонија го чека расплетот од останатите групи и може да влезе како една од двете најдобри третопласирани селекции.

Ohridnews