Македонската фудбалска репрезентација под 19 години прва ќе го крши мразот во Новата година. Избраниците на Драган Бочески во периодот од 10 до 13 јануари во Касторија ќе одиграат два пријателски натпревари. Мини подотовките за овај дво меч ќе се одвиваат во Охрид од 8 јануари, каде Бочески ќе ги собере македонските надежи. 

Продолжуваме со праксата во континуитет да одигруваме пријателски средби со цел на што подобро вооигрување на екипата и подобро запознавање на соиграчите. Покрај овај дво меч во план се и тест средби со селекцијата на Белорусија – вели Бочески.

Пријателската средба со нашиот јужен сосед е прва од ваков карактер, доceга одигравме четири средби и тоа сите во конкуренција на фудбалери до 21 година. Во минатиот циклус грчките млади репрезентативци на два пати ги победија своите врсници, во Триполи со 3-1, додека во Струмица со 2-1.

Генерација до 19 години која важи за една од најтелентираните по онаа “финската“ на Пандев, беше единствената од младинските селекции која успеа да направи чекор напред и да ја мине првата квалификациска рунда . На квалидфикациите во Сараево, македонските надежи заедно со Белорусија обезбедија пласман  во во елитната рунда.

Атрактивни, но супер тешки противници добија македонските фудбалски надежи до 19 години во квалификациите за ЕП. Селекциите на Германија, Турција и Унгарија се последната пречка пред избраниците на Драган Бочески во пресрет на континеталниот собир наредното лето во Романија.

Немавме среќа во ждрепката, добивме фудбалски велесили во групата 7 Германија и Турција се земји кои доста вложуваат во фудбалот, додека Унгарија е исто така далеку пред нас. Тоа сепак не значи дека однапред се предаваме, натпреварите се играат 11 против 11 па одиме во Истамбул да се надигруваме – истакна Драган Бочески.

Квалификацискиот турнир се игра до 31 мај до 5 јуни во Турција. Континеталниот собир ќе се одржи во август 2011 година во Романија.

М.П.