Фудбалерите на Охрид 2004 , Дарко Иловски, Јован Китрозоски и Никола Попоски се селектирани во “Б“ селекцијата до 19 години која ќе одигра тест средба со второлигашот Локомотива.



– Целта ни е на вакви собири да им дадеме шанса на повеќе фудбалери и да  го прошириме дијапазонот на потенцијалните репрезентативци – вели селекторот Драган Бочески.

Селекцијата под 19 години кон крајот на месец Мај ќе оди во Турција каде ќе биде дел од квалификациската група за пласман на ЕП на лето во Романија.


Македонија е во група со Турција, Германија и Унгарија , а само првопласираниот ќе обезбеди виза за Романија.