Македонската фудбалска селекција до 19г. на 26. и 28 Април на стадионот на ФК Караорман во Струга ќе одигра две пријателски средби со соодветната селекција на Полска  во рамките на подготовките за претстојниот квалификациски турнир за ЕП што ќе се одигра во Јуни во Турција.


Ова воедно ќе биде и последната проверка на тимот на селекторот Бочевски кој ќе се обиде по трет пат во историјата на оваа селекција (У-19) да ја мине и втората рунда квалификации и да се најде на завршниот турнир.


Собирот на репрезентативците е на 25. Април во х. Бисер во Струга.