Македонската фудбалска репрезентација за играчи под 19 години претрпе пораз 2-0 од соодветната репрезентација на Полска. Стрелци на головите беа Вцотек во првиот и Мрозински во вториот дел.

Наспроти првиот меч одигран во вторникот полјаците доминираа во текот на целиот натпревар. Избраниците на Драган Бочески беа во подредена улога, најблсику до погодок беше Мицевски кој со удар од далечина ја погоди гредата.
M.П.