Репрезентацијата на Македонија до 19 години успешно ја мина првата фаза во квалификациите за Европското првенство, откако прва низ целта ја мина претквалификациска група која се играше во нашата земја.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ првата позиција ја запечатија со високиот триумф над Лихтештајн (6-0) во третата рунда од претквалификациите. Претходно надежите ги совладаа Швајцарија и Белгија.

Ждрепката за главните квалификации ќе се одржи на 6 декември, а покрај Македонија пласман обезбеди и Белгија која со 5-3 славеше во мечот да се биде или не со Швајцарија.

OhridNews