Фудбалерите на Македонија до 19 години ремизираа 1-1 на првата контрола со соодветната репрезентација на Словенија. “Змајчеките“ преку Бајде поведоа со 1-0 додека ремито за македонската селекција го донесе членот на Ренова, Скендери во 65-та минута.


Селекторот Менсур Јакупи му пружи шанса на сите 19 фудбалери кои ги повика за пријателските средби. Наредниот натпревар против Словенија “надежите“ го играат в четврток.

Мх.П.