Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери под 19 години претпре убедлив пораз од 3-0 од соодветната репрезентација на Швајцарија на првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Струмица.


“Гостите“ до победата стигнаа со головите на Видмер во 41, Геисман во 57 и Кармен во 90 минута. Од 80 минута составот на Јакупи имаше играч повеќе но не успеа да го ублажи поразот.

Охриѓанецот Антонио Каланоски доби можност од клупата , кога во 51 минута влезе во игра на местото на Скендеровиќ. Вториот играч на Охрид, Алими мечото го одгледа од клупата.

Во вториот натпревар од нашата група Украина со 2-0 ја го совлада Казакстан. Во наредната рунда, на 12 ноември Македонија игра против Украина. 

М.П.