Селекцијата на Македонија до 19 г. доживеа уште еден убедлив пораз во квалификациите за следното ЕП. Попладнево во Струмица избраниците на селекторот Менсур Јакупи загубија со 3-0 од соодветната селекција на Украина која ја оствари втората победа на турнирот.
Стрелци на головите за украинците беа Чурко во 11м, Асани а.г во 61-та и Орловскиј во 89м. Нашата репрезентација натпреварот го заврши со играч помалку по исклучувањето на Николов во финишот од средбата поради втор жолт картон.
На вториот натпревар од групата Швајцарија го совлада Казахстан со 2-0.
На табелата Украина и Казахстан имаат по 6 бода, Казахстан и Македонија се без бодови.
3. коло 15.Ноември 13ч.
Македонија – Казахстан с. Кукуш-Турново
Швајцарија – Украина с. Младост-Струмица