Македонската селекција до 21 година претрпе неочекуван минимален пораз (1-0) од Гибралтар во квалификациите за Европското првенство во Италија за две години.

„Црвено жолтите“ потклекна пред селекцијата на Гибралтар која е составена од аматерски фудбалери и до мечот со нашите репрезентативци немаше извојувано победа.

Младите фудбалери поставија високи граници во квалификациите, а тие не кореспондираа со играта на дуелот со Гибралтар и си поиграа со своето и реномето на селекцијата.

После поразот Македонија остана со три бодови и се наоѓа во долниот дел од табелата. Лидер е селекцијата Русија со седум бодови, а по неа следуваат Ерменија, Австрија и Србија.

OhridNews