Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, попладнево во Копенхаген, против врсниците од Данска, ќе го одигра натпреварот од 6. коло, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2013 година.

Избраниците на Бобан Бабунски драстично ги намалија своите шанси за пласман на ЕП по ремито со Фарските острови (1:1), но се надеваат да ја продолжат серијата натпревари на кои немаат пораз, 16 натпревари немаат запишано нула на своето салдо.

Во пресрет на натпреварот со Данска, кој воедно е борба за втората позиција во групата, Македонија се наоѓа на второто место со девет бодови, Данска има бод и натпревар помалку, додека лидер во групата е Србија со 11 бодови.

Мечот Данска-Македонија ќе се одигра во Алборг со почеток во 14:30 часот.