Репрезентацијата на Македонија до 21г во месец мај , јуни и август ја очекува период на бројни настапи во кој ќе бидат одиграни дури 6 квалификациски и контролни натпревари.

На 10-ти мај во Куманово , избраниците на селекторот Бобан Бабунски ќе го одиграат квалификацискиот дуел за ЕП со селекцијата на Северна Ирска.

Од 22-25-ти мај, репрезентацијата до 21г ќе настапи на Челенџ купот во Инсбрук (Австрија) на кој ќе настапат уште и селекциите на Холандија , Албанија и Украина.

Натпреварите ќе се одиграат на стадионот „Шварц” и тоа во следните термини:

22.05 Македонија – Холандија (19ч)
25.05 Македонија – Албанија (16ч)

На почетокот на месец јуни на програмата се квалификациските дуели во гости со селекциите на Ф. Острови (01.јуни) и Данска (05.јуни).

Богатиот распоред на настапи ќе биде заокружен со гостувањето на Португалија на 16-ти август.

Ohridnews