Расчинетиот владика на Македонската православна црква, Јован Вранишковски е уапсен денеска на граничниот премин Меџитлија при обид да влезе во Македонија, информираат од неговата Православна Охридска Архиепископија. Според информациите од ПОА, Вранишковски веднаш бил пренесен во затворот „Идризово“.

Во октомври 2009 година расчинетиот владика беше осуден на две ипол години затворската казна, при што требаше да врати околу 250 илјади евра.

Тогаш пресудата на судот во Велес беше донесена за случајот за кој Вранишковски во 2007 година на двапати беше ослободуван, но Апелациониот суд, исто толку пати ги укинуваше пресудите.

На оштетената Македонска првославна црква треба да и’ плати штета од 14.804.211 денари, а на ПИОМ 111.892 денари, а пресудата му беше изречена во отстуство, бидејќи Вранишковски избега од земјата поради притворот што му беше одреден.

Претходно Вранишковски беше на издржување на две иполгодишната затворска казна во Идризово што му беше изречена за предизвикување расна и верска омраза, нетрпеливост и раздор, но и за самоволие, за која реагираше Српската православна црква, државното раководство на Србија и неколку невладини организации. Со сите пресуди тој во затвор требаше да мине вкупно четири години.

OhridNews
Извор: ,,Макфакс”