Единицата за борба против дрога на чешката полиција, уапсила седум лица меѓу кои и еден македонски државјанин, кои што се занимавале со трговија со дрога на територијата на Чешка, пренесува „МИА“.

„Главните организатори на овој вид криминал беа двајца етнички Албанци, еден граѓанин на Македонија, а другиот е државјанин на Србија. Сите биле предводени од други лица од албанска националност.“ – изјавила портпаролката на чешката полиција.
Таа додала дека станува збор за организирана група, која во Чешка тргувала со хероин и кокаин, користејќи ресторан во центарот на градот, каде што се пакувала дрогата пред нејзината дистрибуција.
На седумтте уапсени, меѓу кои и македонскиот државјанин, им е одредена мерка притвор. На петмината од притворените им се заканува казна затвор од 8 до 12 години, а на двајца до пет години.
OhridNews












