Во Грција денеска е уапсен маж кој наводно го предизвиканл пожаро во источна Атика. Истражите органи собрале девет сведочења кои укажуваат на тоа дека овој 65-годишник е главен осомничен за предизвикувањето пожари и би можел да биде осомничен доколку се докаже неговата вина, пренесуваат грчките медиуми.
Како што објави грчката „Скај телевизија“, човекот палел трева и суви гранки на ридот над Даоу Пентели, кога настанале жарчиња кои почнале да летаат на околната вегетација, а поради високите температури и силните ветрови, тоа набрзо се претворило во голем пожар.
Овој човек е жител на областа Даоу Пентели, а жителите неколкупати во минатото го виделе како пали ѓубре и суви гранки. Во меѓувреме, грчките власти соопштија дека бројот на загинати во пожарите се искачи на 91. Бројот на исчезнати официјално достигна 25.
OhridNews
Макфакс