
Семијон Могилевич наводно бил на чело на моќниот криминален ланец во Источна Европа од почетокот на деведесетите години. Тој се наоѓал на листата на најбарани од страна на ФБИ, Интерпол и на Британската полиција. Тој се товари и за рекетирање, измами и перење пари.
Шеесет и едно годишниот Магилевич бил уапсен заедно со неколку негови телохранители во супермаркет во Москва уште во средата, но информацијата за апсењето е потврдена вчера.
Сергеј Шнајдер или Семијон Могилевич имал уште неколку имиња и пасоши. Тој се барал со меѓународна потерница веќе 15 години. Според информациите од неговите најблиски соработници, украинецот Могилевич бил најмоќен мафијаш на светот.
ohridnews











