Полицијата го уапси четириесетгодишниот Тони Станоев, кој се сомничи дека во неделата попладне ги застрелал сестрата, таткото и мајката на својата сопруга, потврдија од МВР.
Трикратниот убиец бил фатен пред половина час на гробиштата во Кавадарци, а полицијата му го нашла и пиштолот со којшто го изврши убиството. Во моментот на апсењето тој почнал да бега, по што полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми. Прашувал „дали се живи“, мислејќи на жртвите кои се убиени.
Станоев бил во брак со Даниела десет години и имале две малолетни деца. Во моментот се водела бракоразводна постапка, а претходо бил пријавуван во полиција за семејно насилство.
Во моментот на убиството неговата сопруга била на работа.
OhridNews
извор Макфакс