Полицијата во Лос Анџелес соопштила дека привела лице кое провалило во куќата на холивудската ѕвезда Сандра Булок во момент кога таа била присутна во домот. Претставничката на полицијата Нуриа Ванегас рекла деа патролата била испратена во раните утрински часови на адресата на актерката, откако биле известени дека некој се обидува насилно да влезе во нејзината куќа.
Како што пренесуваат агенциите, полицајците на лице место го уапсиле Џошуа Корбет, кој има 39 години. Агентот на оскаровката ја потврдил оваа информација и рекол дека актерката е добро и дека не е повредена.