Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Анхел Марија Виљар, е упасен под обвинение за корупција, пренесе весникот „Ел Паис“ на својата интернет страница.
Виљар и неговиот син Горка се приведени под сомнение дека на почетокот на годината ги користеле фондовите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија за од регионалните претседатели на Сојузите да обезбедат поддршка за реизбор на функцијата прв човек на шпанскиот фудбал.
Анхел Марија Виљар, кој 19 години е прв човек на шпанскиот фудбал, во мај на контроверзен начин бил реизбран на претседателската функција бидејќи вториот кандидат, Хорхе Перез, не доби поддршка за својата кандидатура.
Овој 67-годишен функционер беше и кандидат за претседател на УЕФА кога од функцијата замина Мишел Платини, но од трката се повлече за да се посвети на работата во Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
OhridNews