Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О`нил е уапсен во Единбург поради возење под дејство на алкохол.
Полицијата го приведе О`нил два дена после натпреварот помеѓу Северна Ирска и Норвешка, кој двете селекции го одиграа во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот 2018 година во Русија.
Фудбалската федерација на Северна Ирска го потврди инцидентот на селекторот, но не соопшти ништо повеќе.
Токму со него на клупата селекцијата на Северна Ирска го постигна најголемиот успех, откако учествуваше на Европското првенство во Франција минатата година.
OhridNews