Американската актерка Дерил Хана била уапсена пред Белата Куќа заедно со други демонстранти кои се противеле на изградбата на нафтоводот од Канада до Тексас. На протестот учествувале десетици лица. При апсењето Хана рекла дека демонстрантите не сакаат да зависат од фосилните горива.


Демонстрантите повикале на инвестиции во почиста енергија, а Хана додала дека тие се надеваат како претседателот Барак Обама нема да им попушти на лобистите од нафтената индустрија. Актерката и претходно била апсена на разни протести и собири за заштита на природната околина.