Бар Рафаели е уапсена во рација во нејзиниот дом во Израел, каде живее со својот сопруг. Приведена е и нејзината мајка Зипора. Бар е обвинета дека лажела за својата адреса како би избегнала пријава на милиони долари приходи. Се товари и за поседување скапоцени автомобили, како Ренџ Ровер и Лексус, кои не се пријавени на нејзино име.

 

На манекенката и на нејзината мајка им е забрането да ја напуштат земјата во следните шест месеци без дозвола на властите, а истрагата сеуште е во тек. Откако платиле кауција од 500 илјади израелски шекели, пуштени се од затвор. Рафаели се венча ова лето, а таа и нејзиниот сопруг им платија на властите да го затворат воздушниот сообраќај над одморалиштето каде што се одржуваше свадбата.