Турската полиција уапсила две лица кои се осомничени за нападот со истрели од огнено оружје на клубскиот автобус на Фенербахче.
Лицата ги отфрлија обвинениета, но тие ќе бидат задржани додека не бидат целосно распитани пренесуваат турските медиуми.
Фудбалската федерација на Турција го стопираше првенството една недела, а Фенербахче побара да се прекине се додека не се фатат и осудат напаѓачите.
Клубскиот автобус на Фенербахче беше нападнат во Трабзон, а се враќаше од гостувањето кај Ризерспор каде екипата забележа убедлива победа 5-1.
Мх.П.