Група навивачи на Црвена Ѕвезда која патувала во Бугарија за мечот со Лудогорец во квалификациите од Лигата на Шампиони е уапсена.


Бугарската полиција во автобусот пронашла големо количество на дрога, а истата група ден претходно имала блиска средба со туристи во дискотека во Сончев Брег.

Уапсените навивачи ќе бидат експресно транспортирани назад, а на границите бугарските цариници пуштаат само со влезници за натпреварот.

Иако „црвено белите“ за мечот со Лудогорец добија 400 карти се очекува да бидат повеќе бидејќи организирано патуваат од минатата недела.

Првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони меѓу Лудогорец и Црвена Ѕвезда се играч вечерва во 20 часот.

OhridNews