Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против десет лица, вработени во АД  „Македонска Пошта“ поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “Несовесно работење во службата”.

Кривичното дело го извршиле во својство на службени лица , на тој начин што со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможиле на 26- ти јули годинава, во пошта во Чаир,  две непознати маскирани и вооружени лица да извршат кривично дело “разбојништво” и да одземат 13.660.000 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле не само  АД „Македонска Пошта“ туку и  Република Македонија бидејќи станува збор за  претпријатие во државна сопственост.

Имено, на 26.07.2013 година во 07,15 часот две непознати маскирани лица, во пошта Чаир влегувајќи преку необезбедена и незаклучена безбедносна решетка и врата од службениот влез, влегле во ходникот пред втората заштитна решетка која исто така не била заклучена, потоа во просторијата на благајната, каде исто така имало безбедносна решетка и врата кои не биле заклучени и затворени, согласно безбедносните прописи и правила, и со закана со пиштоли врз поштар и еден од вработените, одзеле две  вреќи во кои биле парични средства од Буџетот на Р.Македонија за исплата на корисници по основ на родителски додаток, посебен додаток и додаток за новороденчиња,  а горе пријавените   како службени лица вработени во АД  „Македонска Пошта“ со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности им овозможиле на двете лица непречено извршување на наведеното кривично дело.

За несовесно работење се осомничени и управникот на поштата, која имала обврска да го организира вкупниот процес на работа во работната единица и во единиците на поштенска мрежа, како и да превзема мерки за прописно извршува ње на поштенските услуги и воедно да го контролира вкупното работење на Работната единица како и да ги следи и применува законските прописи.

OhridNews