Работно ангажираните луѓе на рачистување на снегот низ градот не се штедат во напорите да ги оспособат јавните површини кои се од витално значење за граѓаните. На минусни температури во текот на целиот ден тие работат непрекинато.
Во знак на поддршка раководството на ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со кафе бар „Летница“ обезбеди топол чај со кој беа послужени вредните јавни работници, на кои им е потребно внимание во ова снежно време.
Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Саше Најдески на терен со ангажираните работници на рачистување на снегот
Пред зимските служби на градот се уште предизвици, бидејќи според најавите ни претстојат студени денови со ниски температури. Граѓаните и компаниите, пак, имаат обврска да ги расчистат јавните површини пред нивните имоти со што ќе дадат неопходна поддршка на јавните служби во справувањето со снегот.
OhridNews


















