Убавата тенисерка Еугение Бучард ќе мора да излезе со нејзин фан, откако го изгуби облогот кој ќе победи во финалето на Супербоулот. 


22-годишната Канаѓанка на Твитер типуваше на триумф на Атланта Фалконс, а еден фан и се спротистави и типуваше на Њу Ингланд Патриотс. Со пресврт „патриотите“ победија и Бучард на социјалните мрежи даде збор дека ќе си го одржи зборот и ќе излезе по изгубениот облог.


Бучард на тениски план има значителен напредок последниве две години играјќи финалето на грен слемот во Вимболдон и во полуфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос.

OhridNews