Од самото основање па до денес, во рамки на колонијата гостувале повеќе од 200 уметници од целиот свет, од Америка, Русија, Германија, Полска, Србија, Бугарија, Швајцарија, Украина, како и ликовни уметници од Македонија.
Местоположбата и убавините на селото Белчишта сместено во подножјето на Славеј Планина се инспирација за создавањето на најубавите дела кои ги создаваат уметниците и кои остануваат во сопственост на колонијата. Насликани се над 500 уметнички дела кои се наоѓаат во збирката на колонијата, а низ годините, организирани се повеќе од 200 ликовни изложби низ повеќе градови во републикава. Преку организирањето на изложбите низ градовите делата стануваат достапни за пошироката јавност која сака да се запознае со она што се творело во рамките на најстарата и реномирана ликовна колонија.