На прекрасниот видео запис на нашата сограѓанка Натали Башоска, не останаа рамнодушни ниту вљубениците во автентичната убавина на македонското поднебје.

Сплетот на природните убавини, културното наследство и небото над Охрид, им овозможува на љубителите на природата за миг да заборават на сите политички акутелности во земјава, препуштајќи се на најголемото богатство што човек може да го има.

Снимките за овој видео запис се направени во периодот од септември до декември оваа година, а талентираната Башоска несомнено станува еден од најголемите уметнички амбасодори на Охрид во светот.

O.T.