Во чешкиот регионален портал „Деник“ е објавена статија со наслов „Низ Македонија до блескавиот Охрид“, текст илустриран со фотографии од заоѓање на сонцето во Пештани, пристаништето во Охрид и гробиштата на дервишите во дворот на комплексот Арабати Баба Теќе, јави дописникот на МИА од Прага.

За него, меѓу сите светилишта јасно се издвојува живописната црква Св. Јован Канео изградена на карпестиот рид од каде што вели дека се отвора неверојатен поглед кон сината езерска површина.
Во репортажата се споменува бистрата вода во Охридското Езеро, пријатното време, околната вегетација и бучното шеталиште во центарот на охридското пристаниште, како убавицните на планинскиот гребен Галичица.
OhridNews












