Охрид и неговите природни убавини се дел од финскиот каталог за туризам за 2011 година, кој беше промовиран деновиве.
 
Туроператорот од Финска – Ауринкоматкат во својот каталог за туризам за 2011 година на неколку страни ги претстави Охрид и Македонија како посакувани туристички дестинации,  како и хотелите со кои Ауринкоматкат веќе има потпишано договор.


Како што нагласуваат од Ауринкоматкат 50% од седиштата на чартер летот Хелсинки – Охрид кој треба да се реализира во периодот јуни –  август 2011 веќе се букираат од страна на Финските туристи.

Туроператорот Ауринкоматкат е дел од компанијата Фин Аир и е еден од најголемите туроператори во Финска преку кој годишно летуваат над 350. 000 туристи од оваа земмја.


Реализирањето на овој проект, кој е резултат на активностите на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија, заедно со економскиот промотор во Финска, ќе овозможи, за првпат Македонија да се отвори и за пазарот на Нордиските земји.

OhridNews