Во официјалниот каталог на манифестацијата „See a Paris“, посветен е текст на француски јазик, во кој на специфичен начин е направено преставувањето на градот со сите негови културни, историски и духовни вредности.

Во рамки на манифестација, вечерва, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, со пригодниот говор пред високата делегација на УНЕСКО, Министерот за култура на Црна-Гора, како и гостите од културниот и политичкиот живот на Париз, ќе ја најави кандидатурата на Охрид за Европска престолнина на културата за 2020 година.

Инаку, во текот на денешниот ден Бакрачески ќе има средба со директорот на Фестивалот, Ив Боасе, со кого ќе разговараат за натамошната соработка во делот на културното претставување на Охрид во Париз и Франција.

OhridNews