Еден од најпопуларните светски веб портали за вљубениците во патувања, traveloven.com, во една од многубројните репортажи го споменува и градот Охрид, како „бисерот на Македонија“.
Во написот за Охрид на овој портал, се споменува старата охридска архитектура, античкиот театар, како и црквата „Св. Јован“ – Канео.
Сторијата се осврнува и на историското и клултурното значење на Охрид, како еден од центрите на писменоста каде се создавала словенската азбука.
Исто така, објавени се и низа фотографии направени од репортерите на порталот, меѓу кои се опфатени црквата Св. Јован Канео, централното градско подрачје, Потпеш, црквата Св. Софија, како и неколку панорамски фотографии од Охрид.
OhridNews